Чекањето на навивачите на Бока јуниорс заврши, италијанскиот фудбалер Даниеле де Роси пристигна во Буенос Аирес и откако ќе ги направи лекарските прегледи, ќе потпише договор со славниот аргентински клуб.
Де Роси целата досегашна кариера ја мина во Рома, но се раздели со клубот од неговото детство и не сакаше да се пензионира, туку да заигра на славната „Бомбониера“, каде што Бока ги игра своите мечеви како домаќин. Де Роси е првиот фудбалер по Диего Марадона кој играл за Бока, а има освоено Светско првенство.
Кога се појави на аеродромот во главниот град на Аргентина, многу фанови се обидуваа да му се доближат и да го фотографираат и сето тоа проследено со песни. Претставувањето на Де Роси како нов играч на Бока јуниорс ќе биде утре.
https://twitter.com/i/status/1154342182360420353