Де Роси верува дека Баер Леверкузен може да загуби, и тоа на „Бај арената“

Тренерот на Рома, Даниеле де Роси, ќе има тешка задача на денешниот реванш-меч против Баер Леверкузен во полуфиналето од Лигата на Европа. Волчицата дома загуби со 0:2 од германскиот тим, но Де Роси е непоправлив оптимизам.

Предводникот на Рома е оптимист дека неговиот тим може да победи на „Бај арената“, иако против себе ќе го има тимот на непоразениот клуб сезонава, Баер Леверкузен. Фармацевтите имаат неверојатна низа од 48 средби без пораз, но Де Роси е оптимист.

„Ова е многу важен меч за нас. Треба да победиме барем со два гола разлика. Во претходните фази ги победувавме Милан, Брајтон и Феенорд со по два гола предност. Ќе ја играме нашата игра, ќе дадеме сè од себе и сакаме да ја оствариме целта иако знаеме дека ќе биде многу тешко. Сепак, мислам дека Баер може да киксне“, вели Де Роси.

Предводникот на Рома има позитивни сеќавања од гостувањето на „Бај арената“ бидејќи како фудбалер има постигнато два гола на теренот на Баер Леверкузен.

Германскиот тим нема пораз на 48 средби сезонава во сите натпреварувања и против Рома има предност од 2:0 создадена по првиот дуел кој се одигра на „Олимпико“ во Рим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести