Де Роси во домашни услови ќе ја продолжи битката против ковид-19

Даниеле де Роси, поранешниот капитен на Рома кој моментално работи како помошник на Роберто Манчини во италијанската репрезентација, по пет дена ја напушти болницата и во домашни услови ќе ја продолжи битката против корона-вирусот.

Де Роси пред неколку дена ги уплаши своите фанови откако објави фотографија како лежи во болнички кревет со наместен кислороден уред за да може да диши. Состојбата на 37-годишниот ексиграч за врска моментално е подобрена, па затоа ќе може дома да се лекува.

Штом ќе застане на нозе и добие негативен тест за ковид-19, Де Роси ќе може да ја напушти самоизолацијата и да им се врати на обврските.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести