Лоренцо де Силвестри е спасителот на Болоња, кој со гол во 96-тата минута спречи сензационална победа на Џенова и донесе бод за домашните со кој остануваат во трката за пласман во Лигата на шампионите.
Алберт Гудмунсен со неочекуван погодок за домашната одбрана ја донесе Џенова во предност од 0-1, резултат кој беше активен се до неколку секунди пред последниот судиски свиреж кога Де Силвестри израмни на 1-1 и го постави конечниот резултат.
Болоња со овој бод останува на петтата позиција со 32 поени, само еден помалку од четвртопласираната Фиорентина.