Доколку се доделуваше награда за ферплеј на Светското првенство во ракомет, признанието ќе завршеше во рацете на шпанскиот голман Гонзало Перес де Варгас, кој синоќа имаше потег што ги воодушеви ракометниот и спортски свет.
Во 40-тата минута на мечот Шпанија – Шведска, левото крило на Шведска, Хампус Ване, изведе пенал, топката прво удри во раката на Перес де Варгас, па се одби во неговата глава и унгарскиот судија Адам Биро му додели црвен картон за Ване, казната предвидена во Правилата на играта за директен удар во глава на голманот од седмерец.
Но, Перес де Варгас отиде кај судијата и докажа дека ферплејот е посилен од која било лична амбиција или резултат на натпреварот, посочувајќи дека по шутот на Ване прво топката го удри во рака, а потоа во главата, што го натера судијата да го откаже црвениот картон.
„Има многу камери, има можност за прегледување снимка. Кога топката не те удрила директно во глава, мислам дека треба да го кажеш тоа. Исто така, имајќи предвид дека Ване ми е соиграч, пријател, морав да го направам ова“, изјави Перес де Варгас.
Морав да разговарам со судијата, не сакав да бидам лажго. Кога топката ќе ме удри во лице, јас сум првиот што ќе се жалам. Донесов добра одлука, иако можеби ако имаше црвен картон за Хампус, ќе победевме. Повеќе сакам да бидам верен на себе отколку да живеам со лоша совест“, изјави Де Варгас.
That’s handball 👏 @FCBhandbol teammates @PerezdVargas and Hampus Wanne offered us an unforgettable sporting moment: 🇪🇸 Spain’s goalkeeper saved 🇸🇪 Sweden’s left wing from a red card, acknowledging that he wasn’t hit in the face 🙏#CRODENNOR2025 @RFEBalonmano pic.twitter.com/EF0FRIC8iz
— International Handball Federation (@ihfhandball) January 20, 2025