Не престануваат шпекулациите околу евентуалниот трансфер на Моисес Каиседо од Брајтон во Челзи.
Еквадорецот кој игра во средниот ред, ги договори личните услови со Сините од Лондон, но двата клуба не можат да се согласат околу отштетата која Челзи треба да му ја плати на Брајтон.
„Каиседо ќе остане со нас додека сопственикот на клубот не си го промени мислењето. Не знам што ќе се случи, но ако Моисес замине, ќе треба да најдеме екстра играч, затоа што сезонава ќе играме во Лига Европа, за разлика од Челзи кој ќе игра само во Премиер лигата“ – рече Де Ѕерби.