Деандре Џордан има коронавирус, нема да игра до крајот на сезонава

Голем проблем за НБА-тимот Бруклин нетс. Центарот Деандре Џордан е позитивен на корона-вирусот и како што напиша самиот на социјалните мрежи, нема да му се придружи на тимот во Орландо, каде што ќе се доигра сезоната. Ова е огромен хендикеп за Мрежичките, кај кои позитивен е и Спенсер Динвиди, а тој има и симптоми.

Џордан, кој има 31 година, сезонава има просек од 8,3 поени и 10 скока по меч. Нетс на 7 јули треба да заминат во Орландо, каде што се наоѓа комплексот „Светот на Дизни“, во кој од 30-ти јули ќе се играат мечевите. Нетс се седми на Истокот и можеби ќе се пласираат во плејофот, но тие со душа ја чекаат следната сезона во која ќе им се вратат Кајри Ирвинг и Кевин Дурант, па ќе бидат еден од најсилните тимови на Истокот и воопшто во лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести