Женската репрезентација на Македонија за кошаркарки до 18 години доживеа вистински дебакл на Европското првенство – „Б“ дивизија во Романија. Нашите млади кошаркарки загубија со 62-25 од Холандија во меч од групата за пласман од деветтото до 18-тото место.
Ова за нив е петти убедлив пораз на првенството за Македонија, но овојпат младите кошаркарки не успеаја да постигнат двоцифрен број поени во ниту една четвртина. Во првата постигнаа девет поени, во втората шест, во третата осум, а во четвртата само два поени, и тоа од две слободни фрлања и без поен од игра.
Ива Колева и Душица Мицева беа најефикасни во нашата репрезентација со по седум поени.