Екипата на ПСВ Ајндховен е последниот патник во осминафиналето од Лигата на шампионите откако на свој терен во драматичен меч го елиминира италијанскиот гигант Јувентус. Дуелот во Ајндховен траеше повеќе од два часа. По регуларните 90 минути, ПСВ стигна до предност од 2:1, со што само ја анулира негативата од првата средба, кога Јувентус во Торино славеше со 2:1, па мораше да се играат продолженија. Головите од регуларниот дел во Ајндховен може да ги видите ТУКА.
По дополнителните 30 минути, ПСВ се радуваше. Клучниот момент беше во 98-мата минута, кога Фламинго искористи една несмасна интервенција на одбраната на гостите и од непосредна близина погоди за 3:1. Тој гол беше доволен за холандскиот тим на крајот да го елиминира Јувентус со вкупен резултат од 4:3. Погодокот што значеше пласман на ПСВ во осминафиналето може да го видите ТУКА.