Дебакл на Јувентус, дефинитивно не им беше денот (Видео)

Фиорентина примаше гол на последните 34 гостувања кај Јувентус, а вечерва Виолетовите од Фиренца ја зачуваа својата мрежа, притоа дадоа три гола и извојуваа голема победа од 3-0. Фиорентина не знаеше за триумф во Серија А уште од 25 октомври, но чекањето од два месеци се исплатеше.

Сега Милан е единствен тим без пораз во Италија и воопшто во Топ 5 лигите. Историски, Фиорентина не губела од никој друг тим толку многу како од Јуве, па затоа победите над Старата дама им се посебно слатки.

Душан Влаховиќ даде гол за 1-0 само по 150 секунди игра. Србинот е прв играч во последните 15 години кој во Серија А дал голови на три меча по ред, а уште нема наполнето 22 години.

Во 18-тата минута, Квадрадо беше исклучен, па Јуве остана со човек помалку. Јувентус има пет црвени картони сезонава, од кои четири директни, а само еден беше со два жолти. Со тоа Јуве е тим со најмногу исклучувања во Топ 5 лигите сезонава.

Во 76-та минута, Алекс Сандро си даде автогол, а пет минути подоцна некогашниот играч на Јувентус, Касерес, погоди за 3-0.

Ова е голот на Влаховиќ, кој најави дека на Црно-белите вечерва им се пишува црно:

- Оглас -

Најнови вести