Дебакл на Јувентус: Го сакаа капитенот на Барселона, а потпишаа со резерва од Њукасл

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус потврди уште еден нов играч, и тоа непосредно пред завршување на зимскиот преоден рок. Во текот на јануари, Јувентус беше фокусиран да го доведе еден од капитените на Барселона, дефанзивецот Роналдо Арахо, но тој трансфер пропадна.

Имаше шпекулации дека Јувентус во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го доведе и Антонио Силва од Бенфика, па дури се споменуваше и Томори од Милан, но ништо од тоа не се оствари.

На крајот Јувентус се пофали дека нов играч на Старата дама е Лојд Кели, играч кој сезонава е резерва во тимот на Њукасл. Англичанецот започна во тимот на Бристол речиси пред шест години, а потоа направи трансфер во Борнмут, и тоа за 15 милиони евра.

Пред почетокот на оваа сезона, Кели потпиша за Њукасл, каде што одигра само 14 меча, а вкупно на теренот помина помалку од 600 минути, што значи дека најголемиот дел бил резерва.

Јувентус ќе плати 3,5 милиони евра за оваа позајмица, а ако сака да му го откупи договорот, на крајот од сезонава ќе треба да му доплати 14,5 милиони евра на Њукасл. Кели е третиот играч кој во овој преоден рок доаѓа во Торино како позајмен играч откако претходно тоа го направија и Рандал Коло Муани и Ренато Виега, за коишто беа потрошени вкупно осум милиони евра. Во Јувентус пристигна и Алберто Коста од Викторија Гимараиш, и тоа за сума од 13,8 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести