Актуелниот германски првак Баер Леверкузен славеше на теренот на Унион во Берлин со 2:1 во 12 коло на германската Бундеслига и стигна до 23 бодови. Уште во втората минута фаворитот поведе, но Унион Берлин израмни на 1:1 по само 30 минути игра. Најдобриот напаѓач на Баер, Патрик Шик даде гол во 71 минута за 2:1 што на крајот се покажа како конечен резултат.
Лајпциг доживеа дебакл на свој терен и со 1:5 загуби од Волфсбург. Уште во првите 16 минути беше најавен убедливиот триумф на гостите, откако Волфсбург имаше предност со 3:0.
Во вториот дел резултатот беше и 4:0, за да потоа Лајпциг постигне почесен гол, но голеадата заврши со уште еден погодок во мрежата на домаќините за конечни 1:5. Кај Лајпциг не играше повредениот Елиф Елмас.
Резултати во останатите мечеви: Аугсбург – Бохум 1:0, Фрајбург – Борусија Менхенгладбах 3:1, Вердер – Штутгарт 2:2.