Дебакл на Македонија У21: Летонските младинци ни одржаа лекција по фудбал

Младата репрезентација на Македонија за играчи до 21 година претрпе убедлив пораз од 3:0 од Летонија, во контролен меч одигран во Анталија. Летонија до предност стигна со голот на Пузиревскис во 45-тата минута, а нивната добра игра продолжи и во вториот дел.

Во 69-тата минута веќе беше 2:0 за Летонија, а сите надежи дека македонските младинци може да се спасат од пораз завршија кога противникот поведе и со 3:0 во 83-тата минута. Двата гола во второто полувреме ги постигна Рекис.

Младата македонска репрезентација во Анталија ќе одигра уште два меча. Прво на 25 март противник ќе ни биде Финска, а потоа на 28 март играме со Словачка.

 

- Оглас -

Најнови вести