Љубителите на фудбалот во Македонија нема да ја гледаат А селекцијата на ТВ екраните во следните четири важни фудбалски циклуси, односно до 2028 година, објави „Скопјеинфо.мк“.
Националниот ТВ сервис, МРТВ, не успеал во обидот да ги купи ТВ правата за ова издание на Лигата на Нации што ќе почне на 2. јуни со мечот против Бугарија во Разград, а фудбалските јунаци ќе ги нема на ТВ екраните во Македонија и за квалификациите за ЕП 2024, за СП 2026 и повторно за ЕП во 2028 година.
Проблем се 3 милиони евра, според објавата од МРТВ, а велат дека не можеле сами да се носат со побогатите понуди од регионалните медиумски концерни Јунајтед Медија и Телеком Србија.
Ова значи дека најмалку 60-на натпревари што Македонија ќе ги игра во Лигата на Нации и во три квалификациски циклуси нема да можат да се следат кај нас, преку националниот ТВ сервис, МРТВ.