Дебакл за Интер во Фиренца (Видео)

Фиорентина го декласира Интер со 3-0 во дуелот што вечерва се доигра, а започна на 1 декември минатата година, кога беше прекинат само по 17 минути игра, откако Едоардо Бове падна покосен на теренот поради срцев удар.


За среќа, тој закрепна и го избегна најлошото, иако сѐ уште се нема вратено на фудбалскиот терен.


Лука Раниери во 60-тата минута ја доведе Фиорентина во водство, а осум минути подоцна Мојс Кин зголеми на 2-0. Истиот фудбалер во 89-тата минута постигна и трет гол за Фиорентина.


По овој триумф, Фиорентина се искачи на второто место со 42 бода, а Интер е второпласиран со 51 освоен бод, три помалку од лидерот Наполи.

- Оглас -

Најнови вести