Женската сениорска фудбалска репрезентација на Македонија беше декласирана на гостувањето кај Австрија. Нашите најдобри фудбалерки загубија со срамни 0-10.
Ова е втор меч во квалификациите за СП избраничките на селекторот Кирил Изов да загубат со 0-10, тоа се случи и против Англија, а против Северна Ирска имавме и уште покатастрофални 0-11.
Разликата во квалитет беше евидентна, во Скопје од Австрија загубивме со 0-6, а вечерва во првото полувреме Македонија прими четири, додека во второто полувреме шест гола.