20.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Дебаклот на Ел Класико го убедил Флорентино дека треба да го донесе Халанд во Реал Мадрид

Некои шпански медиуми објавија дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, летово силно ќе притисне за ангажман на норвешкиот голгетер Ерлинг Браут Халанд бидејќи синоќа на Ел Класико видел дека тимот не може да преживее без Карим Бензема и мора да го реши проблемот.

Кај Реал има силен интерес за Халанд, но Кралскиот клуб и Борусија Дортмунд се договорени Халанд да остане уште една сезона во бундеслигашот, па во 2023 да се пресели во Мадрид, а Норвежанецот сака да си замине веднаш.

Од синоќа, Перес почнал да размислува да го купи Халанд уште летово и да не си дозволи во следната сезона да биде без добар напаѓач кога Бензема ќе биде спречен да игра.

- Оглас -

Најнови вести