Фудбалскиот сојуз на Бразил одлучи да му врачи отказ на селекторот Доривал Жуниор. Капката која ја прели чашата е дебаклот и поразот од 4-1 против Аргентина. Сепак, проблемите на „кариоките“ започнаа на Копа Америка, кога беа елиминирани во четвртфиналето, а во квалификациите за Светското првенство се четврти на табелата со 10 поени помалку од Аргентина.
Најголемата желба за негов наследник е Карло Анчелоти, а раководството на ФС на Бразил се надева дека тој ќе прифати да дојде на крајот од сезоната со Реал Мадрид. Сепак, во игра за наследник на Доривал Жуниор се и Фелипе Луис од Фламенго, Абел Фереира од Палмеирас и Жорге Жесус од Ал-Хилал.