Дебаклот против Англија и поразот од Украина во Скопје донесоа пад на репрезентацијата на ФИФА ранг-листата

Фудбалската репрезентација на Македонија очекувано, забележа пад на јунската ранг-листа на ФИФА по двата порази кои ги доживеа во квалификациите за Европското првенство што идната година ќе се одржи во Германија.

Македонија на денешната ранг-листа е 68-ма репрезентација во светот, што претставува пад од три позиции во однос на априлиското рангирање.

Македонија месецов, прво во Скопје загуби од Украина со 2:3 иако по првиот дел водеше со 2:0, а на 19-ти јуни, Црвено-жолтите во Манчестер го доживеаја најубедливиот пораз во историјата, загубија со 7:0 од Англија.

На врвот на ранг-листата нема промени, Аргентина е прва, Франција е втора, а Бразил е трета репрезентација во светот, а меѓу десетте најдобри се наоѓаат уште и Англија која ја прескокна Белгија, Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести