22.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Дебаклот со Англија „ги избрка“ од Белград, Србите ќе ја пречекаат Албанија во градот на скарата

Генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија, Бранко Радујко, најави дека фудбалската репрезентација на Србија последните два меча од квалификациите за Светско првенство ќе ги игра во Лесковац, а не во Белград. 

„Сега пред нас е собирот, само за три недели, за најважниот натпревар во квалификациите, за натпреварот со Албанија, кој директно ќе одлучи кој ќе оди во плејофот за Светското првенство. Тој натпревар е наш апсолутен приоритет во моментов, имаме играчи кои не заборавиле да играат фудбал, играат во сериозни клубови, во сериозни лиги, тие беа во можност да ја израдуваат нацијата и претходно и верувам дека можат да го сторат тоа и овојпат “, рече Радујко. 

Она што е чудно е можноста за промена на локацијата за овој натпревар со Албанија и наместо во Белград, да се игра во Лесковац.

Интензивно работиме на добивање одобрение за промена на локацијата за тој натпревар. Лесковац е средина каде што националниот тим секогаш се подготвувал во мир, каде што бил пречекан со безрезервна поддршка во исклучително позитивна атмосфера и каде што забележал некои многу важни позитивни резултати“, изјави Радујко. 

Се очекува извештајот на Дисциплинската комисија на УЕФА, која во најлош случај за Србите би можела да го „заклучи“ стадионот за натпреварот меѓу Србија и Албанија поради инцидентите на мечот со Англија. 

По тој меч со Албанија ќе се знае и судбината на Драган Стојковиќ како селектор, а сакаат во Лесковац да играат не само со Албанија, туку и против Летонија.

- Оглас -

Најнови вести