Играта дека ќе има од еден до три гола во прво полувреме и три или повеќе голови на крајот на натпреварот му донесе голема добивка на обложувач кој уплатил тикет во Sport Life во Дебар.
Овој дебранец вложил 250 денари, а сите девет пара со играта прогноза му се погодени и има вкупна добитна квота од 744.05, што му донесе бруто-добивка од над 186.000 денари.
На тикетот се девет меча кои се играа вчера попладне и веќе околу 17 часот се знаеше дека е добитен.