Дебармаалци се истакнаа – Тикет со 4 пара и неверојатна добивка од 820 илјади денари

Дека и во ден кога е посиромашна понудата со фудбалски натпревари може да се остварат одлични добивки, потврдија тројца обложувачи: од скопско Дебар Маало, од Гостивар и повторно во Скопје, со улатен и добитен тикет во Три Бисери, Аеродром.

Двата скопски се со по четири двојки, а одличниот распоред на голови во првото и во второто полувреме на обложувач со тикет уплатен во Дебар Маало му донесе неверојатно добар ќар од околу 820 илјади денар.

Сите четири пара се одиграни со 2-3 гола во прво и во второ полувреме, игра која е многу популарна, а коефициентите се одлични.

На добитниот тикет се фатени пријателските мечеви меѓу Хакен и Норби, потоа и Бејдаблик и Валур, Викингур и Грота и мечот од белгиското првенство меѓу Антверпен и Генк. Коефициентите за играта 2-3I&2-3II во Sport Life се одлични и за овие четири меча се движеа во рамките од 4.45 со 6.20.

На сите дуели беше ефикасно и во двете полувремиња, а среќниот добитник со уплата од илјада денари, си ќари околу 13,5 илјади евра.

Бисер тикет во Три Бисери

Нов одличен тикет вчера исто така само со четири двојки му донесе на обложувач 184 илјади денари со уплата од 550 денари.

Три меча на тикетот уплатен во обложувалницата Три Бисери се одиграни со Гол-Гол прво полувреме, а голот во самиот финиш од првото полувреме на мечот меѓу Вондерерс и Данубио во Уругвај го претвори тикетот во добитен. Тој меч е типуван со 1-1, односно единица на полувреме и на крај на мечот што Вондерерс го доби со 2:1, а сите голови беа постигнати во првиот дел.

Головите носат големи добивки

Кога има голови, има и добивки бидејќи грото обложувачи сакаат да типуваат на ефикасни мечеви. Вчера му се посреќи и на обложувач во Гостивар, кој одиграл многу тешка игра на два од петте пара на тикет со играта ГГ1&ГГ2, односно да има голови во двете мрежи и во првото и во второто полувреме.

Хакен и Норби не се штедеа, па по нерешениот резултат во првиот дел, 1:1 мечот го завршија со победа на прволигашот од 3:2. Ист беше конечниот резултат и на дуелот Антверпен – Гент, но на полувреме беше 2:1, што секако одговараше за добивка од 129 илјади на тикет со уплата од 50 денари.

И тука одигран е мечот Вондерерс – Данубио, но со тип ГГ1, односно дека ќе има барем по еден погодок на двете страни во првото полувреме.

Гватемала ја растури Антигва со 8:0, а типот е 4+ на овој меч и како шлаг за супер добивка е 3+ одигран на бразилскиот дуел меѓу Сао Бенто и Лондрина што заврши со резултат 4:1, но добивката „влезе“ уште на полувреме, по предноста на Сао Бенто од 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести