Деби-гол на Кире Маркоски за АЕЛ Лимасол

АЕЛ Лимасол го победи Алки на гостински терен со 3-1, а дуелот на поранешните „романтичари“ го доби Кире Маркоски против некогашниот соиграч од Работнички Душко Трајчевски.

Членот на златната генерација младинци што играше на Европското првенство во Полска го постигна првиот гол за АЕЛ, а гостите од Лимасол со тоа ја потврдија победата против Алки, клуб за кој игра Трајчевски.

Маркоски влезе во игра во првата минута од судиското продолжение, а 180 секунди подоцна беше прецизен. АЕЛ со 37 бодови е втор на табелата зад шампионот АПОЕЛ со еден бод помалку по 16 кола и докрај ќе се бори за титулата.

Трајчевски и неговите соиграчи се во сосема спротивна ситуација, а Алки бие битка за опстанок и има само 14 бодови.

- Оглас -

Најнови вести