Леола Жанжан го игра најдобриот турнир во кариерата и 26-годишната Французинка го одбра и најдобриот момент за тоа, на гренслем турнирот во Париз, на Ролан Гарос.
Во второто коло денеска Жанжан и буквално ја здроби осмата носителка Каролина Плискова со 6:2, 6:2 за нешто повеќе од еден час што е првокласна сензација.
Леола го игра првиот гренслем турнир, а доби вајлд карта за настап на Ролан Гарос и игра прекрасно.
Во сиет елементи на играта ја прегази финалистката од ланскиот Вимблдон и од САД опен пред шест години.
Плискова беше немоќна, направи неверојатни 28 неизнудени грешки за еден час и 17 минути игра и лесно загуби од тениската сензација на Ролан Гарос, кој го почна првиот гренслем во кариерата како 227-рангираната на ВТА листата.
Жанжан ќе игра во третото коло против победничката од дуелот меѓу Александрова и Бегу што е во тек.