Новиот тренер на Старата дама, Андреа Пирло, го имаше првиот тренинг со екипата на Јувентус и во кратко обраќање истакна дека е задоволен, со очекување од ден во ден да биде подобро.
На првиот тренинг се појави и Кристијано Роналдо, кој беше главна цел на новинарите, а Португалецот не делуваше незадоволно како некој што би сакал да си замине и веројатно веднаш ги прекинува шпекулациите дека ќе си оди, како што се шушкаше по поразот од Лион во осминафиналето на ЛШ.
Нашинецот Дејан Кулушевски се запозна со своите нови соиграчи и почна да тренира. Очекувањата и од него се големи бидејќи Швеѓанецот е еден од најдобрите млади играчи во Европа.
На тренингот ги немаше само повредените Дибала и Де Лихт. Утре Пирло ќе биде претставен како тренер на Јуве и ќе одржи прес-конференција на која првпат ќе дава изјави како тренер на најтрофејниот италијански клуб.