Емилијано Мартинес имаше деби од соништата за новиот клуб Астон вила во минималната победа од 1-0 против Шефилд јунатед. Вила му го нанесе вториот пораз на Шефилд во исто толку кола откако новиот голман на домаќините, за кого му платија 20 милиони фунти на Арсенал само пред неколку дена, оствари фантастична интервенција во 34-тата минута и му одбрани пенал на Лундстрам.
Шефилд иако од 12-тата минута играше со фудбалер помалку по црвениот картон на Иган, имаше прилика да го постигне првиот гол сезонава, но аргентинскиот чувар на мрежата одлучи уште веднаш да ги оправдува потрошените средства за него.
https://twitter.com/afc_jazz/status/1308101240161792001
Подоцна домаќините дојдоа до победничкиот гол преку Конза во 63-тата минута, што беше доволно за Астон вила да тргне со победа во новата сезона откако го пропушти првото коло.
https://streamable.com/xfgiok