Елиф Елмас ќе игра за пехар во првата сезона како член на Наполи, а македонскиот репрезентативец со нетрпение ќе ја чека среда и дуелот во финалето во Купот на Италија против Јувентус.
Вечерва македонскиот репрезентативец одигра 65. минути во реванш полуфиналето со Интер што заврши нерешено 1:1. Тој резултат му одговара на Наполи, откако првиот меч во Милано го добија со 1:0.
Кристијан Ериксен со гол директно од корнер во втората минута брзо ја анулираше предноста на Наполи од првиот меч и ги врати надежите на Интер за финале.
https://twitter.com/kksports_gh/status/1271886654140289024?s=20
Сепак опасниот контранапад на Наполи дојде до израз во 41. минута кога Дрис Мертенс израмни на 1:1, по одличната асистенција на Инсиње. Белгиецот го постигна 122. гол за Наполи и е клупски рекордер на тимот од Неапол со најмногу постигнати голови, пред Марек Хамшик со 121 и Диего Армандо Марадона со 115 погодоци.
https://twitter.com/RainingGoals/status/1271892397408915457?s=20
Наполи ќе игра со Јувентус во финалето во Рим на „Олимпико“ во среда на 17. јуни.