Дејан Илиев имаше слабо деби за Јагелонија во полското првенство, а при поразот од Висла во Краков со 3:0 му кумуваше на еден од трите погодоци.
Илиев во 56. минута истрча далеку од својот гол и се судри со Мартин Костал, ја испушти топката од рацете, а Војтковски искористи и погоди за 2:0.
https://twitter.com/OfPolski/status/1226246289547046914?s=20
Потоа следуваше уште еден гол на Висла за голем триумф на гиганот од 3:0 на стартот од вториот дел на полското првенство.
Илиев пристигна во редовите на Јагелонија во зимскиот преоден рок како позајмен голман од Арсенал. По денешниот пораз неговиот нов тим е на деветтото место со 29 бода од 21 одигран меч.
Првопласираните 8 екипи ќе играат во плејофот за титулата во Полска.