Мизерно деби за Милан – Татарашану е киксер, Донарума ќе брани во Лигата на Европа

Ципријан Татарашану е виновен за два од трите гола што ги прими Милан во ремито 3:3 против Рома и дебито му беше лошо, па веројатно пак ќе се пресели на клупата, но овојпат ќе му биде резерва на повозрасниот Донарума, Антонио.

Романецот беше принудно на голот на Росонерите откако стандардниот голман Џанлуиџи Донарума доби позитивен тест на ковид-19 и бранеше многу лошо во првиот настап за Милан.

Татарашану е директен виновник за првиот гол на Рома, што го постигна Един Џеко, откако лошо го процени летот на топката.

https://www.youtube.com/watch?v=B12iv1HaaLM

И при второто израмнување на Римската волчица, Романецот не реагираше најдобро, несмасно ја одби топката, по што беше досуден пенал за гостите во продолжението на акцијата.

И за третиот и последен гол на мечот Татарашану трпи критики во Италија, иако не беше директен виновник, но беше лошо поставен.

Италијанските медиуми најавуваат дека Романецот пак ќе се пресели на клупата, а прв голман на Милан против Спарта Прага задутре во второто коло во Лигата на Европа ќе биде повозрасниот брат на Џиџио Донарума, Антонио.

 

- Оглас -

Најнови вести