2.8 C
Skopje
вторник, 9 декември 2025

Дебитант додаде „зачин“ на трипл-дабл каков досега не беше виден во НБА

Рано утрово во НБА лигата се одиграа три натпревари, а интересно е дека на сите три дуели, загубија екипите во кои беа најистакнатите кошаркари.

Индијана го совлада Сакраменто со 116-105, а во поразениот тим, Расел Вестбрук направи трипл-дабл од 24 поени, 14 асистенции и 13 скока. За ветеранот Вестбрук тоа беше 207-ми трипл-дабл во кариерата (четврти сезонава), но не му помогна Кингс да победат. Пејсерс има две победи по ред, што за нив е изедначување на најдолгата победничка серија сезонава, тимот има само 6 победи на 24 меча.

Феникс со 108-105 славеше во Минеаполис против Тимбервулфс во меч на кој кај домашните Ентони Едвардс уфрли 40 поени. Руди Гобер беше исклучен поради удирање со лакт на противнички играч додека беше во лет во обид да забие. За Минесота заврши серијата од пет победи по ред.

Прво име на вечерта во НБА беше дебитантот Дерик Квин од Њу Орлеанс пеликанс, чија сензационална игра не беше доволна за победа на неговиот тим, Пеликаните беа поразени од Сан Антонио со 132-135.

Квин имаше трипл-дабл од 33 поени и по 10 скока и асистенции. Во 21-ви век, трипл-дабл со 30+ поени од дебитантите имале само уште Остин Ривс, Лука Дончиќ, Блејк Грифин и Стеф Кари, но Квин имаше и четири блокади, што првпат во историјата на лигата некој новак да има трипл-дабл со над 30 поени и плус четири блокади.

- Оглас -

Најнови вести