31.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Дебитант го шокираше Голден стејт, Дончиќ недоволен за победа над Феникс

Индијана го победи Голден стејт со 121-117 по продолжение, во најинтересниот од трите синоќешни мечеви во НБА лигата.

Неочекуван јунак на средбата беше Крис Дуарте кој е дебитант во НБА, и уфрли 27 поени, што е изедначување на неговиот личен рекорд. Стеф Кари за Вориорс даде 39 поени, но ниту еден во продолжението.

Феникс по деветти пат славеше победа во дуелите со Далас, овојпат до 109-101. Лука Дончиќ со 28 поени беше предводник на Дивите телиња, но слаба беше поддршката од соиграчите. Кај Санс, и Девин Букер и Крис Пол имаа над 20 поени. За Далас заврши серијата од четири победи по ред.

На гости славеше и Њу Орлеанс пеликанс против Њујорк никс, со 102-91. Јонас Валанчунас со 18 поени и 10 скока беше најдобар поединец во победничкиот тим.

- Оглас -

Најнови вести