1.8 C
Skopje
сабота, 14 февруари 2026

Дебитант го украде шоуто на „Ѕвезди во подем“, даде два победнички коша (Видео)

Ви Џеј Еџкомб од Филаделфија 76ерс беше главна ѕвезда на „Ѕвезди во подем“ со кој се отвори ол-стар викендот во НБА лигата.

Исто како и лани, на „Ѕвезди во подем“ имаше четири екипи, три составени од млади НБА играчи, а еден тим со кошаркари од развојната Г-лига. Се играа три меча, два до 40 поени, и еден како финале, кој прв до 25 поени.

Еџкомб на својата екипа која беше предводена од Винс Картер како тренер, ѝ донесе две победи со свои поени. Прво погоди 40-ти поен на првиот меч, потоа од слободно фрлање и 25-тиот поен во финалето. Логично, Еџкомб беше прогласен за МВП.

- Оглас -

Најнови вести