Грчкиот гигант Олимпијакос не успеа на свој терен да го победи Пафос во меч од првото коло во Лигата на шампионите. Олимпијакос беше голем фаворит, но кипарскиот првак, кој првпат игра во лигашката фаза во елитното натпреварување, успеа да се одбрани и да одигра 0:0.
Освоениот бод на Пафос има дополнителна тежина ако се знае дека гостите од 25-тата минута играа со фудбалер помалку. Бруно прво доби жолт картон во 15-тата минута, а 10 минути подоцна и вторпат „пожолте“ и беше исклучен.
Olympiakos 0-0 Pafos – Bruno Felipe second yellow card 26′
byu/4gjdtokurwa insoccer
И со играч помалку, фудбалерите на Пафос повеќе од 65 минути се бранеа и успеаја да се одбранат и да освојат историски бод во дебитантскиот настап во Лигата на шампионите.
Славија во Прага одигра само 2:2 против уште еден дебитант во Лигата на шампионите, Бодо/Глимт. Мбоџи со гол во 23-тата минута ѝ донесе водство на Славија и предност на полувреме. На почетокот на вториот дел гостите од Норвешка имаа шанса да израмнат, но Хог промаши пенал.
Потоа следуваше нов погодок на Славија Прага и повторно стрелец беше Мбоџи, а втора асистенција забележа Провод.
И по оваа негатива, гостинските фудбалери не се предадоа. Се играше 78-мата минута кога Баси намали на 1:2, погодок кој е историски прв за Бодо/Глимт во лигашкото натпреварување на ЛШ. Во 90-тата минута, гостите од Норвешка израмнија на 2:2 кога Фет беше прецизен.