Дебитантски гол на Дианеси, Вардар ремизираше против Свонси (Видео)

Најтрофејниот македонски клуб Вардар ремизираше 1-1 против поранешниот англиски премиерлигаш Свонси на пријателскиот натпревар што се одигра во Австрија. Тимот на Горазд Михајлов одигра многу подобро отколку против Динамо Загреб на „Максимир“.

Вардар поведе со голот на новото засилување Џибрил Дианеси, кој го постигна дебитантскиот погодок во црвено-црниот дрес. Тој во 21.минута на одличен начин го заврши противнападот на Вардар.

Свонси успеа да израмни во 61.минута, со голот на Гонсало Франко.

- Оглас -

Најнови вести