Дебитираа двете големи засилувања на Каталонците – Барса пак е моќна, ги отвори старите рани на Атлетико Мадрид (Фото)

Барселона доби две големи засилувања, Адама Траоре и Пјер-Емерик Обамејанг, кои дебитираа за новиот клуб и интересно не беа заедно на терен.

Траоре беше во стартниот состав на шпанскито гигант во победата против Атлетико Мадрид со 4:2 и го одигра првиот меч, откако во зимскиот преоден рок пристигна од Вувлерхемптон како позајмен играч.

Имаше и асистенција за вториот гол што го постигна Гави за 2:1, а потоа беше заменет во 61. минута и на негово место влезе Обамејанг, кој исто така во овој преоден рок дојде во Барселона од Арсенал.

Во одличното дерби против шампионот Барселона го покажа стариот сјај, изгледаше моќно што е одличен знак за навивачите на шпанскиот гигант.

Чудесниот меч го зачинија и неколку интересни моменти. За Барселона стрелци беа сите дефанзивци, освен Пике, па Алба, Араухо и Алвеш погодија по еднаш.

Дани Алвеш на 38-годишна возраст е првиот фудбалер во Ла Лига од 2005 година што постигнал гол, имал асистенција и бил исклучен на ист меч.

Атлетико Мадрид само третпат во последните 10 години откако Диего Симеоне им е тренер прими 4, или повеќе голови, а тоа се случи во 2012 година кога Аргентинецот за првпат како тренер на Јорганџиите гостуваше на „Камп Ноу“.

Мадриѓани губеа со 3:1 по првото полувреме и за првпат по 7 години примија тројка во првите 45 минути, а повторно Барса им ја наполни мрежата.

Последен пат 3, или повеќе погодоци Атлетико имаше примено во 2015 година, а и тогаш противник им беше Барселона, која победи со 3:2 на стариот стадион на мадриѓани, на „Висенте Калдерон“ во меч од шпанскиот куп.

Со победата од 4:2 Барселона го прескокна денешниот ривал на четвртото место на табелата во Ла Лига.

Каталонците по 22 кола имаат 38 бода, а шампионот падна на петтата позиција со 36 бода.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести