Дебитираше како 15-годишно девојче со вајлд-карта, денеска по рекордни 52 обиди, се пласира во финале на гренслем

Анастасија Пављученкова го забележа најголемиот успех во кариерата по победата против Тамара Зиданшек од 2:0 во полуфиналето на Ролан Гарос.

Руската тенисерка конечно дочека по 14 години од првиот настап на гренслем-турнир, да игра меч за титула на еден од четирите најценети тениски турнири.

Пављученкова ќе игра против Марија Сакари од Грција или со Барбора Крејчикова од Чешка за вредниот пехар на гренслемот во Париз. И двете можни ривалки на Пављученкова се дебитантки, па секако ќе има ново име запишано во историските книги на најшармантниот гренслем што се игра во Франција.

Анастасија го урна и рекордот и е единствената тенисерка во историјата што одиграла над 50 гренслем-турнири, ги има точно 52, па потоа се пласирала во финале на еден од нив.

Почна во 2007 година со специјална покана на Вимблдон, или со популарната вајлд-карта, како 15-годишно девојче и најдобра јуниорка на светот и оттогаш минаа цели 14 години до денешниот голем успех и пласман во финалето на Ролан Гарос.

Женското финале во сингл стандардно се игра во сабота.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести