Лионел Меси уште во првиот меч за Интер Мајами направи шоу за памтење. Аргентинецот влезе како резерва во второто полувреме и даде гол за победа и тоа од слободен удар во 94 минута од средбата.
Едноставно тоа беше деби како од филм за Меси во американскиот клуб кој на крајот се радуваше на триумф од 2:1 против мексиканскиот Круз Азул. Дебито на Меси влезе и во историјата како најгледаниот фудбалски клупски меч на еден американски клуб.
Натпреварот во САД го гледале 12,5 милиони луѓе. Интер Мајами моментално е најслабиот тим на Источната конференција во МЛС шампионатот, но откако Меси пристигна, експресно се распродадоа сите билети за средбите до крајот на сезоната.