18.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Дедо Хенри сериозно тренира на 99 години, Јаник Синер го подготвува за настап на премиерата на Австралија опен (Видео)

Дедо Хенри од Австралија сериозно се подготвува на 99-годишна возраст за настап на премиерата на првиот тениски гренслем во сезоната, што ќе се игра во Мелбурн од 16 до 29 јануари.

Хенри ќе игра против 98-годишниот Леонид Станиславски на „Род Лејвер“ арена во уникатен меч на двајца ветерани што се ближат до стотката, а приходот е наменет за хуманитарни цели.

Целиот приход ќе оди како помош за Украина. Хенри тренираше со италијанскиот тенисер Јаник Синер, а привлече големо внимание со тениската вештина и на 99-годишна возраст.

https://twitter.com/eurosport/status/1610696214990983168?s=20&t=chOsTGu01plr7Z_hMIXWgA

- Оглас -

Најнови вести