Новата година е на прагот, а очекувањата на спортски план за 2026 година се големи. Македонија повторно ќе игра на Европско првенство во ракомет и тоа ќе биде во јануари. Во континенталната репрезентативна елита ќе бидеме и во одбојката. Во септември 2026 година ќе бидеме дел од Европското првенство, а Македонија ќе игра во Бугарија. Кога се работи за кошарката, желбата е полека да се вратиме меѓу европската елита, иако тоа воопшто нема да биде лесно.
Фудбалот, како по обичај, ќе биде главен на спортската сцена. Македонија во март ќе биде дел од баражите за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Прв ривал ни е Данска, селекција која ќе ја има фаворитската улога, но Македонија еднаш во ваквите баражи покажа дека може да ја победи и Италија на нејзин терен, па зошто да не веруваме дека може да ја елиминираме и Данска.
За секој спортски успех потребна е многу напорна работа, но, секако, потребно е и среќа, а понекогаш и „спортска магија“. Токму таква магија за време на новогодишните празници носи Дедо Мраз. Најпознатиот дедо во светот во овој период од годината ги слуша желбите што сите ќе ги замислат во пресрет на 2026 година.
Веруваме дека во 2026 година ќе имаме многу причини за радост со македонските спортисти и националните селекции, но тоа ќе го видиме во следните 12 месеци. Вo пресрет на Новата година, Дедо Мраз веќе традиционално го има последниот збор кога се работи за Хуманитарен тикет.
Овојпат можната добивка е одлична и изнесува точно 50.000 денари, останува само да послужи „спортската магија“, па доколку тикетот е добитен, сигурно ќе им донесе огромна радост на оние на кои насмевката во овие моменти им е најпотребна.


