Дедо му е Марадона, татко му е Кун Ауеро, а Меси му е кум… затоа и не е чудо што е ваков талент (Видео)

Какви гени може да има детето чиј дедо е легендарниот Диего Армандо Марадона? Па уште кога татко му е докажаниот голгетер Кун Агуеро, а како „роднинска“ врска го има Лионел Меси за кум.

Таква уникатна привилегија има Бенџамин Агуеро, во чии вени тече „сина кралска фудбалска крв“. И додека три аригентински легенди се „врзани“ за Бенџамин, 16-годишниот тинејџер се појави на ливада и тоа додека врне дожд, во ретко дрес на Челзи и тоа од славниот Шпанец, Фернандо Торес.

Според видеото кое е постирано на социјалните мрежи, Бенџамин ја има спретноста на својот дедо, а како што неговиот татко шутираше од секој дел од теренот, така и тинејџерот се обидува да постигне што е можно повеќе голови.

- Оглас -

Најнови вести