Дедо на 80 години денеска го игра последниот меч во кариерата

Британскиот фудбалер Питер Вебстер денеска ќе ја заврши својата долга кариера. Вебстер не е некој прославен фудбалер, но го заслужува вниманието затоа што последниот меч ќе го одигра како 80-годишен дедо.

Роден е во Престон, а во 1948 година се преселил во Велс. Уште како 15-годишно момче започнал да игра фудбал, и тоа во училиште каде што доминантен спорт било рагбито. До 1981 година играл во Велс, а потоа се преселил во Австралија, но не престанал со фудбалот.

За денеска е закажан неговиот последен меч, и тоа против екипата на Расел Вејл, во една од аматерските лиги. За тоа колку го почитуваа Вебстер, покажува и фактот дека едно Куп натпреварување го носи името на Питер Вебстер. Дедото вели дека и по одигрување на последниот меч, сака да остане и да помага во фудбалот.

 

- Оглас -

Најнови вести