Дедото од Франција се распука во Катар – Жињак со голови го донесе Тигрес до финалето

Андре-Пјер Жињак се распука на Светското клупско првенство и ги постигна сите три гола на турнирот за Тигрес, екипа што ќе игра финале против Баерн, или Ал-Ахли, по триумфот вечерва над Палмеирас со 1:0.

Францускиот интернационалец со интересен прекар, Дедо, го постигна голот за одлука од пенал во 54-тата минута и сега е прв стрелец на турнирот.

Жињак има 35 години и е решавачки фактор за пласманот во финалето на Тигрес на Купот што се игра во Катар. Францускиот ас беше стрелец и на двата гола за Тигрес во победата од 2:1 против Улсан Хјундаи, а и вечерва погоди за триумф на мексиканскиот клуб.

Утре во второто полуфинале ќе играат Баерн Минхен и Ал-Ахли од Египет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести