Дефанзивецот на Баерн Минхен, Саша Бој, ќе отсуствува неколку недели поради повреда на менискусот на левото колено, соопшти најтрофејниот клуб во Бундеслигата. Играчот ја заработил повредата за време на тренинг во неделата и веќе успешно минал низ операција, потврдија од раководството на Баерн.
Бој беше дел од почетниот состав на Баерн во два од трите натпревари од Бундеслигата оваа сезона, вклучувајќи ја и убедливата победа со 6-1 над Холштајн Кил.
Баерн Минхен ја започнува својата кампања во Лигата на шампионите со натпревар против Динамо Загреб во вторник, а во сабота му гостува на Вердер Бремен.
Sacha Boey erleidet Meniskusriss und wird uns für mehrere Wochen fehlen. 😕
— FC Bayern München (@FCBayern) September 16, 2024
Zur Meldung: https://t.co/YwiZB3ZvFT 🔗
Gute und schnelle Genesung, Sacha! 🙏#FCBayern #MiaSanMia pic.twitter.com/u2RT231qIA