Дефанзивец на Бока нема да игра на клупскиот Мундијал затоа што не доби виза за влез во САД

Бока јуниорс ќе мора да настапи на Светското клупско првенство без својот дефанзивец, Аиртон Коста, откако властите во САД го одбиле барањето за издавање виза.

Дваесет и петгодишниот фудбалер во 2023 година бил осуден на условна затворска казна за кражба која ја извршил во 2018 година и токму тоа било пречката за негов влез во САД, земја која има строги правила за влез на нивна територија за осудени лица, без разлика што се работи за спортисти.

Информацијата за аргентинските медиуми ја потврди и портпаролот на Бока јуниорс, кој рече дека Коста нема да патува во САД бидејќи не доби виза за влез во земјата.

Бока јуниор на Светското клупско првенство е во група со Бенфика, Баерн Минхен и Оукленд, а токму нивните мечеви се едни од ретките кои се комплетно распродадени.

- Оглас -

Најнови вести