Манчестер јунајтед во моментов е на катастрофалната 13-та позиција во Премиер лигата со 29 поени, неверојатни 27 помалку од лидерот Ливерпул. Сепак, дефанзивецот на „црвените ѓаволи“ верува дека можат да дојдат до титулата во Премиер лигата предводени од Рубен Аморим, иако неговата изјава не се однесува на оваа сезона.
„Можеме да ја освоиме титулата во Премиер лигата со Рубен Аморим. Реално, мислам дека можеме да дојдеме до титулата. Но, тогаш доаѓа најтешкото нешто кое може да го слушнат фановите: за тоа ќе ни треба време.“ – рече Далот.
Манчестер јунајтед после паузата во првенството поради натпреварите од ФА купот, следниот меч од Премиер лигата ќе го одигра против Тотенхем во недела на гостински терен.