Фудбалерите на Ливерпул во првиот натпревар по паузата поради Светското првенство, на поппуларниот Боксинг деј со 1:3 ја совладаа Астон вила, а Енди Робертсон, дефанзивецот на Црвените, постави нов рекорд во Премиер лигата.
Робертсон во победата на неговиот тим му асистираше на Мохамед Салах при постигнувањето на првиот гол и со тоа дојде до 54-та асистенција во Премиер лигата.
Со тоа Робертсон стана најдобар асистент меѓу дефанзивците, надминувајќи го рекордот на Лејтон Бејнс. Робертон до 54-те асистенции дојде со 231 одигран натпревар во Премиер лигата, што е 189 натпревари помалку отколку што му беа потребни на Бејнс за 53 асистенции.
54 – Andrew Robertson now has the outright most assists of any defender in Premier League history (54), overtaking Leighton Baines (53). Wand. pic.twitter.com/75KJ5xYlB2
— OptaJoe (@OptaJoe) December 26, 2022
https://twitter.com/OptusSport/status/1607542654903910412?s=20&t=bVwixcCY32f4wkCw39FeTw
Робертсон во последните четири сезони, дури на три имаше најмалку 10 асистенции, а оваа сезона веќе има пет асистенции на 13 одиграни натпревари.
Дефанзивецот во Ливерпул пристигна во 2017 година од Хал, во трансфер вреден девет милиони евра.