Дефанзивецот на Тотенхем двапати се лизгаше и му помогна на Њукасл убедливо да победи (Видео)

Њукасл го порази Тотенхем со 4-0, а ѕвезда, но во негативна смисла на зборот, на мечот беше дефанзивецот на гостите, Мики Ван де Вен, кој двапати се најде на земја за 95 секунди и отвораше простор за напаѓачите на Чавките да даваат голови за 1-0 и 2-0.

Александер Исак даде два гола и сега има два гола помалку од првиот стрелец во Премиер лигата, Ерлинг Халанд. Голот на Исак со кој се најави голеадата, погледнете го ТУКА.

Во меѓусебните дуели на Њукасл и Тотенхем, цели 53 години не се случило средбата да заврши 0-0, а на последните седум, секогаш паѓаат барем три гола. Тотенхем попладнево имаше над 70 проценти посед на топката, но се покажа дека таа статистика не мора ништо да значи.

Во минатата сезона, Њукасл дома го победи Тотенхем со 6-1, овојпат со 4-0, а фановите на „Сент Џејмс парк“ пееја: „Може ли да играме секој викенд против вас?“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести