Дефанзивецот си заминува по 11 години поминати во дресот на Интер

По завршување на сезоната, Андреа Ранокија повеќе нема да го носи дресот на Интер. Дефанзивецот меѓу Нераѕурите е цели 11 години, но дојде време да се раздели од клубот.

Искусниот 34-годишен Ранокија во Интер дојде во 2011 година од тимот на Џенова и одигра 225 мечеви, а има постигнато и 14 погодоци. Во договорот на Ранокија имаше клаузула според која Интер можеше да му понуди нов едногодишен договор, но челниците на италијанскиот првак решија дека тој веќе нема да им биде потребен.

Сезонава Ранокија одигра само девет меча во сите натпреварувања и постигна девет погодоци. Главна цел на Интер до крајот на сезоната е да се одбрани титулата во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести