Пари Сен Жермен брзо се врати на победите во Лига 1, со што поразот во големото дерби од Олимпик Марсеј беше брзо заборавен. Тимот на Луис Енрике рутински славеше против Оксер на домашен терен со 2-0.
Резултатот го отвори украинскиот стопер Забарњи, кој го постигна својот дебитантски гол во петтиот натпревар за Светците.
По девет минути игра во второто полувреме, гостинската одбрана капитулираше повторно, а стрелец одново беше дефанзивец.
Конечните 2-0 ги постави Лукас Бералдо, вториот стопер на ПСЖ, кој го постигна својот прв гол сезонава, но третиот во кариерата за клубот.