Дефинитивно: Барди не игра во Тбилиси!

Иако имаше шпекулации дека Енис Барди би можело да се обиде да игра на дуелот со Грузија со инјекција против болки, сепак тоа нема да се случи и фудбалерот на Леванте дефинитивно нема да биде меѓу патниците во авионот со кој тимот заминува во Грузија. Фудбалерите уште не се пристигнати на скопскиот аеродром, но точна е информацијата на еден шпански медиум кој објави дека Барди е на пат кон Валенсија.

Барди се повредил на првиот тренинг на националниот тим и не е во можност да игра. Останува неизвесноста околу Аријан Адеми, кој би требало да отпатува во Тбилиси, но не се знае дали ќе се ризикува и дали ќе може да настапи. Освен Барди, нема да отпатуваат ниту Кире Ристевски и Крсте Велкоски, кои добија позитивни резултати на второто тестирање за ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести